Google translate додаде неколку нови јазици во својата палета:Афрички, Белоруски, Исландски, Ирски, Малејски, Велшки, Јудиски и конечно, долго очекуваниот МАКЕДОНСКИ јазик.
Некои од овие јазици има мал број на говорници: на пример, според Википедија, само 320.000 луѓе зборуваат исландски.
Свахили е зборуван во источна Африка, африкански, се зборува во Јужна Африка и Намибија, јидски има 3 милиони говорници во Православната еврејските заедници, малајски и е официјален јазик во Брунеи, Малезија и Сингапур. Велшки јазик се зборува во Велс, Англија и Аргентина, ирски е зборуван од мал број на ирското население, Македонски има помалку од 3 милиони говорници и многу непријатели, додека белоруски има 9 милиони говорници.
Конечно македонскиот јазик се најде во употреба во оваа далеку корисна алатка, со која ќе можете да преведете цели текстови од дури 51 различни јазици, без притоа да изгубите часови за да го изведете тоа.Ова е еден огромен чекор за Македонија во сајбер просторот со кое се олеснува животот на преку 2 милиони луѓе.
Во Гугл транслејт сеуште не се опфатени доста популани јазици, но се работи на тоа да се прошират границите на овој сервис.
На мапата се областите каде што се зборат новите јазици

-2009-Psycho.Path-Front.jpg)
